Најмалку 20 Палестинци загинаа, во израелски напад додека чекале ред за храна

Најмалку 20 Палестинци загинаа синоќа, а 150 се ранети во израелски напад додека чекале ред за храна во Газа, соопшти Министерството за здравство во Појасот. Портпаролот на Министерството, Ашраф ал-Кидра изјави дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми, бидејќи десетици тешко ранети луѓе се донесени во градската болница Ал-Шифа.

Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот, но повтори дека целта не била цивили.

Од 7 септември израелската армија убила повеќе од 25.700, а ранила околу 63.000 Палестинци во Појасот Газа.

Претходна вестТрамп пред судот: Се бранам себеси, семејството и претседателството
Следна вестКовачевски го нема во техничката влада, ама тука е доверливиот Маричиќ