Темен режим Режим на светлина

Трамп пред судот: Се бранам себеси, семејството и претседателството

САД во разговори со Иран, најавен можен пресврт САД во разговори со Иран, најавен можен пресврт

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп синоќа на судењето во Њујорк повторно ги негираше обвинувањата на колумнистката Џин Керол, која од него бара отштета од 10 милиони долари за клевета и сексуална злоупотреба, пишува „Гардијан“. Трамп помина четири минути на говорницата на сведоци, откако адвокатите на Џин Керол ја претставија својата верзија за случајот.

Судијата го одби предлогот на поранешниот американски претседател за отфрлање на тужбата.

Трамп рече дека „100 отсто“ останува на својата претходна изјава, во која тој тврдеше дека не е виновен за ниту едно од обвиненијата против него.

На прашањето дали рекол дека неговите изјави ја повредиле Џин Керол, Трамп одговорил: „Не, само сакав да се бранам себеси, моето семејство и, искрено, претседателството“.

Керол, бара најмалку 10 милиони долари поради негирањето на Трамп дека ја силувал во средината на 1990-тите во стоковната куќа Бергдорф Гудман во Менхетен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Факт е дека министрите многу брзаа да си ги намалат платите, но 5 месеци беа кусо време за тоа

Следна објава

Најмалку 20 Палестинци загинаа, во израелски напад додека чекале ред за храна