Пукање во Америка, има загинати

Три лица загинаа во престрелка во станбен комплекс во Арлингтон, Тексас, соопшти полицијата. Властите во Арлингтон соопштија дека пукањето се случило околу 20.30 часот по локално време во четвртокот, објави телевизијата „КТВТ-ТВ“.

Полицајците пронашле тела на три жртви, кои починале од прострелни рани во куќа на Чатам Грин Лејн, пренесува АП.

Арлингтон се наоѓа на 15-ина милји источно од Форт Ворт и на 20-ина милји западно од Далас.

Претходна вестЛоцирана нова рисица на планината Буковиќ, ја нарекоа Луна оти е најдена на полна месечина
Следна вестДКСК до ОЈО ќе достави анализа за склучувањето на договорот за градба на коридорите 8 и 10Д, има ризици од коруција