Ковачевски: Измените во Законот за здруженија на граѓани се во сила и тој ќе се применува

На седница на Влада ќе ги разгледаме сите аспекти на Законот за здруженија на граѓани донесен едногласно од пратениците и откако ќе се види дискусијата за кои делови треба да се направи разгледување тогаш може да се донесе одлука, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој одговори на новинарско прашање за иницијативата од министерот за надворешни работи Бујар Османи законските измени да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија.

Ковачевски  потенцира дека изгласаните законски измени се во сила и со оглед на тоа што пратениците едногласно ги донеле, тој закон ќе се применува во државата. Во коментар на ставот на Османи дека Бугарија води активна кампања во меѓународните институции  против Законот за здруженија и на тамошните пораки дека ќе застанат на страната на бугарските клубови, Ковачевски  оцени дека најголемата поддршка за бугарските клубови во државава пристигнала од претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Најголема поддршка на бугарските клубови во Македонија стигна од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ којшто кажа дека е континуитет на Ванчо Михајлов, а протестите во  Битола беа против клубот Ванчо Михајлов, така што не треба  да доаѓа поддршка од Бугарија, поддршката дојде тука од претседателот на најголемата опозициска партија исто како  што претпоставува дека отворањето дошло од таа партија и сето оа што ни се случуваше при палењето на вратат итн. дека дошло, исто така, од таа партија со оглед на тоа гледаме кој настапува на нивни настани, изјави Ковачевски, по посетата на обновениот објект на Полициската станица Гази Баба.

Тој повтори дека за него не е спорно нашите закони да бидат проверени од европските институции, како и дека треба да има нов закон за здруженија на граѓани, но нагласи дека не смета оти тој закон и сите други поврзани со односите со Бугарија треба да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија.

-Во однос на  Венецијанската комисија ние сме држава којашто има изградени висок демократски капацитет во заштитата на човековите права, кај нас може секој граѓанин да се организира слободно или во невладино здружение или во кој било друг вид на здружување согласно со законите. За мене воопшто не е спорно нашите закони да  бидат проверени од страна на европски институции особено имајќи го во предвид фактот дека неделава веќе го започнавме билатералниот скрининг со Европската унија, каде што и нашето законодавство и спроведувањето на законодавството во детали ќе биде разгледано од страна на Европската комисија  како дел од преговарачкиот процес и нормално е дека таму ќе бидат дадени одредени насоки од страна на ЕУ, изјави Ковачевски.

Претходна вестАрсовска изрази благодарност на борците за ослободување на Скопје
Следна вестОктомвриските сметки за парно ќе стасаат со мало задоцнување