Ковачевски ќе носи одлуки со кои македонските граѓани ќе имаат стандард како во времето на СФРЈ

Јас ќе донесам одлуки со цел граѓаните на Македонија да имаат повторно поголем стандард од сите граѓани од кои што порано сме имале поголем стандард, изјави денеска македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

На заедничката конференција за печат со американскиот сенатор од Конектикат Крис Марфи во Владата тој рече дека благодарение на поддршката од искрени пријатели како САД, денес Македонија стана земја фактор на стабилност во регионот и земја членка на НАТО. Тој рече дека планира да донесе тешки одлуки со цел граѓаните да имаат стандард каков што имале граѓаните во времето на СФРЈ, односно во тоа време далеку подобар од стандардот кој го имале земји како Бугарија, Полска, Романија кои денес се членки на ЕУ.

– Ние мора да им обезбедиме на нашите граѓани да живеат во членка на ЕУ. Ние сме била земја која потекнува од СФРЈ. Во тоа време имавме поголем стандард и од Чешка, Полска, Бугарија, Романија, Словачка и од сите земји кои станаа членки. Јас ќе донесам одлуки со цел граѓаните на Македонија да имаат повторно поголем стандард од сите граѓани од кои што порано сме имале поголем стандард. Нашите граѓани го заслужуваат и на тој пат сметам на поддршката на нашите стратешки партнери, пред сè САД, и земјите членки на ЕУ, изјави Ковачевски.

Претходна вестПретставата „Иванов“ вечерва на сцената на Македонскиот народен театар
Следна вестДецата кои гледаат телевизија повеќе од 2 часа, имаат поголема веројатност да станат зависни од коцкање, цигари, дрога и алкохол