Ковачевски: Македонскиот ќе биде официјален јазик на ЕУ, нема никакви фусноти и дополнувања

Mакедонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа со овој предлог, наведе македонскиот премиер Димитар Ковачевски во денешната објава на својот профил на социјална мрежа Фејсбук. Тој, како што наведе, ги демантира лагите и шпекулациите во врска со францускиот предлог, и порачува дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија, без никакви фусноти и дополнувања.

– Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог. Сакам да бидам кристално јасен: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа со овој предлог. Македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија. Нема никакви фусноти и дополнувања, тоа се лаги. Нашата стратегија и план даде резултат, имаме нов предлог кој ги штити нашите стратешки и национални интереси. И во предлогот и во преговорите, нема да дозволиме тие да бидат загрозени. наведува Ковачевски во објавата на Фејсбук.

Претходна вестЃорге Иванов: Непокорот е единствениот излез
Следна вестДанела Арсовска: Обединети да кажеме „Не“ за овој недоличен предлог