Ковачевски: Повикувам на обединување

Повикувам на обединување и во слободата на одлучување. Знаеме дека мора да продолжиме по европскиот пат, поради нас самите и за оваа цел вреди да се обединиме, без калкулации и задршки – исто како за независноста во 1991-та, исто како во битките 1903-та и 1944-та. Државничките одлуки подразбираат лидерство и храброст за слободно одлучување, посебно кога тие одлуки се влог во подобра сегашност и подобра иднина за сегашните и идните генерации, порача порача премиерот Димитар Ковачевски, на централната прослава по повод Денот на независноста – 8 Септември, што се одржува на платото кај паркот „Ибни Пајко“ во Скопје.

– Нашата проценка е дека завршувањето на преговорите со ЕУ до 2030-та година е реална, остварлива и неопходна цел, посебно во глобалната констелација на случувања, нагласи премиерот Ковачевски.

Премиерот потенцира дека граѓаните во тие 90-ти години покажале свесност дека обединувањето во минатото, ја донело слободата.

-Искуствата покажуваат дека мораше да се обединиме за независноста на Македонија во 1991-та година; мораше да се обединиме и кога одлучивме да надвладее разумот и да спречиме проширување на конфликтот во 2001-та година; мораше да се обединиме кога ја обновиме демократијата во 2017-та година; мораше да се обединиме кога донесовме тешки државнички одлуки, со коишто Република Северна Македонија, од меѓународно изолирана држава, ја развивме во почитуван и доверлив партнер, членка на НАТО, во 2020-та година – и денес, мора да сме обединети за да се реализира нашата втора стратешка цел – полноправното членство во Европската Унија, нагласи премиерот.

Тоој додаде дека по 17 години од добиениот кандидатски статус ги отворивме преговорите со Европската унија.

-Го зачувавме, го потврдивме и го зајакнавме македонскиот идентитет. Македонците и македонскиот јазик се впишани во личната карта на Обединетите нации. Првите документи во Брисел веќе се преведуваат на македонски јазик. Европската унија нè прифати како Македонци, кои говорат македонски јазик, истакна тој.

Претходна вестПочина британската кралица Елизабета, новиот крал ќе биде принцот Чарлс
Следна вестИч нема среќа улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром