Ковачевски уверува: СДСМ спроведе системски мерки за подобар животен стандард

Наближуваат изборите и политичарите во Македонија се почесто кажуваат за своите успеси. Се користи секоја прилика, секој настан, само за да се објасни дека многу е сработено.

Во тој правец денеска лидерот на СДСМ на панел дискусија истакнал:

-Приоритетите и политиките кои СДСМ ги креира и имплементира се фокусирани на обезбедување на социјална правда, еднаквост и достоинствено општество за сите наши граѓани, посочил Димитар Ковачевски, пренесува „А1он“.

Според него, најголемиот чекор кон социјалната правда кој го направи оваа Влада е донесувањето на Социјалната реформа во 2019 година.

-Направивме реформа во правата од социјална и детска заштита и првпат во јануари лани ги усогласивме издатоците во делот на социјалната заштита со трошоците за живот. Ако ги споредиме со 2016 и 2017 година, денес трошоците од социјална заштита се поголеми за 300 проценти, а само во текот на минатата година беа зголемени за 14,2 проценти, додека оваа година во јануари за 9,3 проценти, истакнал Ковачевски.

Тој посочил дека просечната плата денес изнесува 630 евра. Тоа е, како што рече, за 270 евра повеќе во семејниот буџет во однос на времето од 2016 година.

– Минималната плата со последното усогласување ќе биде над 22.500 денари, а се сеќаваме кога минималната плата беше само осум илјади денари. Ние застанавме на страната на работниците, воспоставивме социјален дијалог со синдикатите и резултатот е зголемена и минимална и просечна плата, додаде Ковачевски.

Како што објаснил, минималната пензија е за 50 проценти повисока во однос на 2016 година. Напомена дека во текот на четиригодишната криза – здравствена, економска и енергетска, вратиле 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните со неколку антикризни пакет мерки.

 

Претходна вестОН: Гладот и ширењето болести ќе доведат до смртна експлозија на децата во Газа
Следна вестОпштина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе општина Ѓорче Петров