Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе општина Ѓорче Петров

Општина Карпош пред Уставен суд ќе поведат постапка за ДУП СЗ 16 кој неодамна го донесе Општина Ѓорче Петров, информираа од оваа скопска локална самоуправа. На веб-сајтот на општината е наведено дека градоначалникот Стевчо Јакимовски ја доби мнозинската поддршка од 15 советници од Советот на Карпош, според која тој и стручните служби на Општината ќе поведат постапка.

Мнозинството советници во Карпош гласаа позитивно за Предлог – Мислењето кое беше доставено пред нив на денешната вонредна 43. седница, кое воедно претставува и акт на противење на начинот и процедурата со кои е донесена оваа планската документација на Општина Ѓорче Петров.

Во соопштенеито е наведено дека станува збор за плански опфат кој граничи со општина Карпош на потегот кај населбата Влае, во чија околина се планира изградба на три хемиски фабрики, кои би биле лоцирани во непосредна близина на бунарското подрачје Лепенец – Вардар.

-По проценките на стручните лица, отпадните води од тие хемиски капацитети ќе завршат на територија на општина Карпош, што претставува закана по здравјето на населението кое живее во тој реон. Според Деталниот план на Општина Ѓорче Петров се предвидува и изградба на триесетина објекти за колективно домување (од 5 до 21 кат) во близина на населбата Влае, кои дополнитело ќе ги загрози интересите на карпошани и сериозно ќе го доведе во прашање квалитетот на нивниот живот, се наведува во соопштението.

Претходна вестКовачевски уверува: СДСМ спроведе системски мерки за подобар животен стандард
Следна вестСо електричен тротинет тешко повредил жена па избегал