Со електричен тротинет тешко повредил жена па избегал

Помлада жена е тешко повредена во сообраќајна незгода што се случила вчера на подрачјето на скопската општина Кисела Вода, информира полицијата.

-А.Д.(25) од Прилеп вчера изутрина околу 7 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје била удрена од електричен тротинет, управуван од засега непознато лице, кое веднаш побегнало од местото на несреќата, соопшти МВР во дневниот билтен.

Се додава дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестОпштина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе општина Ѓорче Петров
Следна вестМодриќ уште ќе игра професионален фудбал или ќе биде дел од штабот во Реал Мадрид?