Ковачевски за вработувањата во М-НАВ: Еден бивш министер си ја имаше вработено бебиситерката во МНР

Проблемот со вработувањето на роднините на државните раководители во јавните институции и државни компании добива се поголеми размери. По откривањето на случаевите со повеќе вработени роднини на министри во актуелната влада – Бујар Османи, Артан Груби и Љупчо Николовски – во државната компанија М-НАВ, сега за тоа прозборе и премиерот Димитар Ковачевски ама од друг агол.

-Гледам дека министрите кои што имаат вработени блиски си даваат ставови, јас не можам да бидам портпарол на семејства на други луѓе, ниту сум претендирал да бидам такво нешто. Ако се отвори таа тема, тогаш треба да видите и во Академија на судии кој се станува судија и обвинител, па имаше и еден поранешен министер кој што е многу гласен, тој и дадилката која му го чуваше детето ја вработи во Министерството за надворешни работи, рече тој за време на денешната посета на општина Шуто Оризари.

Ковачевски смета дека ваквите вработувања се карактеристика на едно општество во транзиција.

-Такви се отприлика сите општества во транзиција, сите држави во кои што таа првобитно формирање на администрацијата има најразлични примеси. Веќе доаѓа време кога професионализмот ќе биде најважен. Ова е држава која се развива, се разликува од тоа што беше пред 32 години и сметам дека професионалците ќе бидат тие кои ќе ја водат до полноправно членство во ЕУ и ќе има најголем раст откако ќе стане членка на Унијата, рече Ковачевски.

Премиерот, инаку, не го откри името на министерот за надворешни работи кој извршил сомнително вработување. Иста така, без одговор остана прашањето дали бебиситерката се уште работи во МНР, на кое работно место и со какви квалификации била примена? А, за оние вработени од минстри во негово време беше јасен – не е портпарол на семејства на други луѓе.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски молчи пред семејните вработувања на функционерите на ДУИ во М-НАВ затоа што се плаши
Следна вестДипломатскиот синдикат до Османи: Нема албанофобија туку повик за професионализам