Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски молчи пред семејните вработувања на функционерите на ДУИ во М-НАВ затоа што се плаши

ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

Ковачевски молчи пред семејните вработувања на функционерите на ДУИ во М-НАВ и шерифското однесување, затоа што се плаши дека нема да добијат поддршка на претстојните избори од ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Семејствата на функционерите на ДУИ се тие кои го окупирале М-НАВ за плата од неколку илјади евра месечно, додека илјадници граѓани, вклучително и Албанци, заминуваат од Македонија поради бесперспективноста и киднапираната држава.

– Димитар Ковачевски уште еднаш потврди дека е домазет во неговата влада. Скандалот со М-НАВ и упадот на групата на Беким Незири во објектот за контрола, во време кога над Македонија прелетувале десетици авиони, за Ковачевски е обична „семејна расправија“. За оваа Влада на ДУИ и СДС физичка пресметка во контролна кула е вообичаено кошкање, а во секоја нормална држава би било чин на насилство рамно на загрозување на воздушниот сообраќај. Ковачевски и СДС се тотални измеќари на Мала Речица. Новиот страв на Ковачевски е дека доколку нешто им преречат за овој скандал во М-НАВ, ДУИ може да не ги земе заедно на пратенички листи или ќе им одбие поддршка на претседателскиот кандидат. Затоа се спремни да го голтнат и ова шерифско однесување, исто како и многуте пред тоа, и да молчат исто како што молчат и за вработувањата во оваа институција на снаата на Артан Груби, сестрата на Бујар Османи, двајца зетовци и еден син на Ејуп Алими, пријатели на Артан Груби итн. Ковачевски без срам коментира други, а молчи за роднините до трето колено кои функционерите на ДУИ ги ухлебиле во М-НАВ.

Семејствата на функционерите на ДУИ се тие кои го окупирале М-НАВ за плата од неколку илјади евра месечно, додека илјадници граѓани, вклучително и Албанци, заминуваат од Македонија поради бесперспективноста и киднапираната држава, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат и дека никогаш не било полошо и поради тоа ова власт мора да си оди.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Се уште нема одредени лекови на Онкологија: Итно мора да се најде и лек за неодговорноста, за што не треба тендери, туку казни, оставки…

Што бидна со истрагата за грозоморната афера на Онкологија?

Следна објава
Поради влошената безбедносна состојба, МНР ги повикува граѓаните да заминат од Мексико

Ковачевски за вработувањата во М-НАВ: Еден бивш министер си ја имаше вработено бебиситерката во МНР