Несериозно е што Ковачевски и Пендаровски продолжуваат со пимплањето околу наметнатиот рок за пасошите

Нешто не е како што треба во комуникацијата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и шефот на државата Стево Пендаровски. Тоа го покажа и денешната „размена“ на изјави на двајцава околу тоа – кој што треба да прави за да се реши големиот проблем – што самите го направија наметнувајки обврска граѓаните да мора да ги сменат личните документи.

Срамното и понижувашко чекање на граѓаните за промена на пасошите и други лични документи продолжува иако двајцата најавија дека тоа треба да сопре и дека ќе работат на проблемот.

Ама, како работат?

Ковачевски откако пред пет дена го прозва Пендаровски да стапи во контакт со грчка претседателка за да обезбеди согласност за продолжување на рокот за промена на македонските пасоши, Ковачевски денеска изјави дека „се уште чека на тоа“.

-Со грчките власти немам разговарано. Претседателот на државата презеде обврска да се чуе со претседателката на Грција. Имаме разговори коишто се водат со ресорните министри, рече денеска Ковачевски.

Но, на ова брзо стаса и одговорот на шефот на државата кој демантира дека презел некаква обврска.

-Како што и претходно информиравме, претседателот Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот што се појави во однос на замената на личните документи и патни исправи, но таа процедура е во целосна надлежност на Владата и Собранието. Во однос на комуникацијата со Грција, претседателот Пендаровски може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла, се вели во денешното соопштение од кабинетот на шефот на државата.

Ултимативниот рок кој го наметна власта во пасошите да стои нивниот омилен збор – северна – се наближува. Но, еве, не наближува моментот која Ковачевски ќе биде попосветен и ќе сработи поконкретно нешто сам или заедно со Пендаровски. Па зар најважно и почетно е да се јават во Грција, се друго им е подготвено?

Многу несериозно е сето ова. Ако веќе дошло до таму да не можат да се видат, тогаш зарем немаат телефони барем да се слушнат и координираат?

А додека пимплањата траат, продолжуваат малтертирањета и понижувањата на македонските граѓани пред пунковите на МВР. Но, и колку некој чека и колку да е упорен, очигледно е дека нема да може да се заврши работа и да се добие пасош. Затоа што ултимативното време истекува, оти нема доволно пунктови, а сега излегува дека нема ниту доволно обрасци за нови пасоши.

Ковачевски е на потег оти тој е одговорниот. Нему часовникот му отчукува. Во оваа „игра“ нема можност за чекање иако тој се обидува да ја вметне.

Недозволиво е голем број на граѓани на Македонија наскоро да имаат проблеми бидејќи нема да имаат сменети лични документи – а за тоа не се виновни.

Претходна вестСкопјанец и виничанец краделе во Куманово
Следна вестЕвропскиот суд за човекови права пресуди: Спиро Ристовски неосновано бил држен во притвор за 27 април