Девет лица починаа, а во изминатите 24 часа регистрирани се 394 новозаразени со корона вирус од спроведени 2 236 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Починатите се на возраст од 61 до 87 – годишна возраст, и тоа по двајца од Скопје (74 и 82г), и Кичево (61 и 70г), по еден од Ресен (77г), Битола (87г), Виница (57г), Охрид (79г) и Прилеп (65г).
Само еден од пациентите починал во домашни услови.
Новозаразените најмногу се од Скопје – 190, со што вкупниот број на активни случаи во главниот град е 4 788, што е повеќе од половина на ниво на цела држава (8 726).
Во моментов во ковид – центрите во Скопје има 262 пациенти со компликации од заразата, од вкупно 584 во цела држава. Само во последните 24 часа, примени се 19 пациенти.
Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со пандемијата во периодот од 18 до 24 јануари 2021 година објавен вчера, покажува намален бројот на нови случаи и на починати од ковид-19.