Што ни се случува?- Десет починати и 37 нови заразени од ковид

Ако вчера имавме колку-толку оптимистички вести за состојбата со ковид 19, кога беа регистрирани само 3 новозаразени и пет починати лица, денес информациите се загрижувачки. Во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 од: Скопје – 15, Куманово – 5, Прилеп – 3, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 2, Битола, Струмица, Неготино и Радовиш – по 1.

Пријавени се вкупно 10 починати лица: 3 лица од Скопје (70г,65г,56г), 2 лица од Куманово (69г и 57г) и по едно лице од Тетово (68г), Велес (80г), Кочани (71г), Дебар (57г) и Крушево (67г). Сите 10 лица се починати во болнички услови.

Регистрирани се 90 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.304, бројката на оздравени пациенти е 148.798, на починати е 5.423, а бројот на активни случаи изнесува 1.083, од кои 441 се во Скопје.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ во потрага по 61 глас за парламентарни избори заедно со локалните
Следна вестАко барате работа: Најмногу места има во продажба и услуги