Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ во потрага по 61 глас за парламентарни избори заедно со локалните

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и натаму се обидува да обезбеди 61 глас во парламентот за да побара негово распуштање и одржување предвремени парламентарни избори.

-Прашањето не е дали се потребни предвремени парламентарни избори, туку кога тие би се одржале, рече денеска лидерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на прес-конференцијата, за тоа дали останува на барањето заедно со локалните избори наесен да има и нови избори за пратеници.

Тој посочи дека преку Собранието е единствениот пат за одржување предвремени парламентарни избори, така што треба да се обезбеди апсолутно мнозинство за самораспуштање на актуелниот собраниски состав.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Вкупно во земјава во болница има 183 пациенти со ковид, во Скопје нови 9

Следна објава

Што ни се случува?- Десет починати и 37 нови заразени од ковид