Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Со тоа во моментов вкупно 284 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град на Македонија.
Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
Најмногу од новопримените се во ГОБ „8 Септември“ – 8, шестмина се примени на интерните клиники и пет на Инфективната клиника.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.
Скопје и натаму останува со најголем број активни случаи со ковид – 7352 лица, од вкупно 12683 во целата држава, според вчерашната статистика од Министерството за здравство.