На територијата на Скопје полицијата вчера казнила 230 возачи, од кои најмногу, 42 се за пребрзо возење, 36 биле без возачка дозвола, 17 имале технички неисправни и нерегистрирани возила, а 24 зборувале на мобилен телефон додека возеле.
Седум казни се напишани за минување на црвено светло, 33 за непрописно паркирани возила и 11 казни за неносење заштитна маска.
Претходно, МВР соопшти дека само во општина Сарј вчера се изречени 65 сообраќајни казни, од кои најголем број за непоседување возачка дозвола.