Ковид-19 во Скопје: 19 лица се примени во болница, 28 заминале дома

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Со тоа во моментов вкупно 284 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град на Македонија.

Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Најмногу од новопримените се во ГОБ „8 Септември“ – 8, шестмина се примени на интерните клиники и пет на Инфективната клиника.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Скопје и натаму останува со најголем број активни случаи со ковид – 7352 лица, од вкупно 12683 во целата држава, според вчерашната статистика од Министерството за здравство.

Претходна вестНикако да се навикнеме на маските – во еден ден казнети 368 граѓани
Следна вестВо Скопје се вози пребрзо, без возачка дозвола и се разговара на мобилен