Ковид-сертификатите нема да се укинат, вакцинацијата е слаба

Во овој момент нема апсолутно никаква логика тоа да биде направено затоа што ковид-сертификатите својата важност ја добиваат преку тоа што ги штитат оние што не може да ги имаат, рече Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Тој вели дека е рано да се размислува за тоа бидејќи сè уште сме во фаза на широка трансмисија на вирусот со вакцинирани само 40 отсто од луѓето.

-Со укинување на сертификатите кои важат за контрола на движење на граѓани во затворен простор каде е најголема опасноста од трансмисија, многу е веројатно дека ќе направиме поголема трансмисија на вирусот со укинување на сертификатите без разлика на искуството кое го применуваат останатите земји како што Велика Британија, Данска и другите. Кај нив имунитетот постигнат преку имунизација или вкупниот имунитет преку имунизација и прележување на болеста е значително поголем отколку кај нас. Кај нас процентот на вакцинација е 40 отсто од населението, во споредба со Данска 85 проценти или во Велика Британија некаде над 80 проценти. Не може да ги гледаме работите индивидуално, односно да кажеме дека останатите земји кои ги укинуваат сертификатите даваат добар пример и дека треба да го следиме. Треба да видиме каква е епидемиолошката состојба кај нив, каков е имунитетот кој го имаат создадено и ако тоа одговара на нашата епидемиолошка состојба тогаш да го примениме, рече Мехмедовиќ на денешната прес-конференција.

Од Комисијата велат дека не се размислува за задолжителна вакцинација, туку како таа да се поттикне.

Претходна вестМинатата недела има помалку заразени, а повеќе оздравени – помалку се тестирани, а и изолацијата е скратена
Следна вестСпиро Ристовски со гаранција во имот излегува од куќен притвор