Петмина починати и дури 807 нови случаи со кови-19 во земјава з 24 часа. Вака изгледа денешната ковид-статистика во земјава, според податоците од Министерството за здравство.
Починатите се од Скопје (80г,74г,68г,65г) и од Штип (81г), сите во болнички услови.
Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу се од Скопје – 359, потоа од Куманово и Охрид – по 38, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 36, Гевгелија – 35, Тетово и Прилеп – по 34, Гостивар – 29, Битола – 25, Велес – 24, Крива Паланка – 12, Кочани и Крушево – по 11, Ресен – 6, Струга, Кичево и Валандово – по 5, Пробиштип и Богданци – по 4, Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 3, Делчево и Радовиш – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 314 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203, од кои 4.145 во Скопје.