Во изминатите 24 часа во земјава има пораст на бројот на починати и на заразени лица со корона вирус.
Според податоците што попладнево ги објави Министерството за здравство, во едно деноноќие починале 13 лица, најмногу од Скопје – 4 (85г, 78г, 72г, 64г) и Куманово (70г, 63г, 57г, 50г) и по еден пациент од Тетово (66г), Прилеп (72г), Битола (71г), Велес (75г) и Пробиштип (83г), сите во болнички услови.
Од направени 3.342 тестирања, регистрирани се 725 нови случаи, што исто така е пораст во споредба со претходните денови.
Најмногу од новите случаи се во Скопје– 274.
Регистрирани се 215 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223, од кои 3.153 се во Скопје.