Ковид-статистика: 21 починат и 399 нови заразени

Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица, и уште четири се додадени во денешната статистика, кои починале во последната недела од септември. Во изминатото деноноќие регистрирани се и 399 нови заразени, од направени 3.337 теста, соопшти Министерството за здравство.

Меѓу 17-те починати, 8 се од Скопје (59г, 65г, 68г, 70г, 72г, 80г, 83г и 86г), 4 починати лица од Куманово (64г, 69г, 71г и 79г) и по едно починато лице од Охрид (93г), Радовиш (72г), Струмица (87г), Битола (90г) и Гостивар (63г).

Шеснаесет се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште четири починати лица, со датум на смрт од 24.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Тетово, Велес и Охрид, на возраст од 63 до 81 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови а едно лице е починато во домашни услови.

Направени се 3.337 тестирања, а регистрирани се 399 нови случаи на ковид-19: Скопје – 197, Куманово – 49, Тетово – 15, Кочани – 14, Битола – 13, Кавадарци – 11, Велес и Крива Паланка – по 10, Струмица – 8, Штип, Кичево, Гевгелија и Кратово – по 6, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Валандово – по 5, Прилеп – 4, Гостивар, Охрид, Богданци и Македонска Каменица – по 3, Неготино, Свети Николе и Виница – по 2, Струга, Дебар, Берово, Македонски Брод, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 1.348 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.052 бројката на оздравени пациенти е 175.496, на починати е 6.740, а бројот на активни случаи изнесува 10.816, од кои половината од Скопје.

Претходна вестЗаев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани
Следна вестПриведен дилер од Штип, кој избегал од струмичкиот затвор