Приведен дилер од Штип, кој избегал од струмичкиот затвор

Полицијата денеска попладне, околу 17 часот, во скопското село Марино, уапсила 41-годишен штипјанец со иницијали Т. П., кој бил баран со потерница за доиздржување затворска казна во врска со неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Како што информираат од МВР, 41-годишникот претходно избегал од затворот во Струмица, а за доиздржување има уште 2 години, 6 месеци и 15 дена.

Тој повторно ќе биде предаден во казнено-поправната установа.

Претходна вестКовид-статистика: 21 починат и 399 нови заразени
Следна вестДали пописните резултати ќе бидат нов камен на сопнување од Бугарија за Македонија?