Ковид-статистика: Меѓу заразените и починатите има и вакцинирани, но во многу помал процент

Дваесет и два проценти од лицата кои во периодот од 6 август до 23 септември годинава биле позитивни на корона вирусот биле целосно вакцинирани лица, покажува анализата на Институтот за јавно здравје, што ја објави Министерството за здравство.

Во бројки, од вкупно 32.818 граѓанин кои биле позитивни, 7.248 лица биле вакцинирани.

Тоа значи дека најголем број од заразените биле невакцинирани граѓани. Односно, според статистиката, се работи за 25.570 лица, или 78% граѓани.

Тука некаде е и процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани, 80%, додека 20% од оние кои моментално се на болничко лекување од ковид се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е исто така поголема кај невакцинираните. Во период од 6.08 до 23.09.2021 на територија на државата починале 1.033 лица со ковид -19, оод кои 888 не биле вакцинирани, а 14% примиле вакцина.

Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања, а биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на „Модерна“ и „Џонсон“.

За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Претходна вестКривична за градоначалникот на Петровец и уште седум лица за перење пари
Следна вестМЗ и денеска во црната ковид-статистика внесе лица што починале во изминатите месец дена