Крадци фатени на дело во Скопје

Фатени се двајца крадци во Скопје, како ограбуваат куќа. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

– На 09.04.2023 во 19.30 часот, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода Б.Ј.(23) и А.А.(29), двајцата од Скопје.
Тие биле затекнати при извршување кражба во куќа на ул. „Фјодор Достоевски“, при што одзеле повеќе предмети, информираат од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестЈане Сандански – душа со добрина за добрите, но и праведна злоба за грешните
Следна вестПратениците два пати да размислат кому ќе угодат со законите за коридорите 8 и 10-Д?