Крадци ги украле парите на младиот Леонид, потребни за негово лекување

Украдени се парите кои што се собираа како донации за лекување на Леонид Игнов. МВР и официјално ја потврди кражбата во неговиот дом.

Кражбата во полицијата ја пријавил таткото на Леонид и според пријавата од нивниот дом се одземени пари и други предмети. Неофицијално, како што објавија некои медиуми се работи за средства во износ од 50 илјади евра.

– На 18.10.2023 во СВР Скопје Б.И.(53) пријавил дека во периодот од 11:30 до 14:50 часот со подесен предмет било влезено во неговиот дом на подрачјето на Аеродром и биле одземени пари и други предмети. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР

Пред неколку месеци, осумнаесетгодишниот Леонид доживеа несреќа додека беше на летување во Грција. Тоа резултираше со тешки повреди на неговиот рбет и не може да ги движи рацете и нозете. По неколку апели, јавноста и јавните личности се мобилизираа и за краток временски период беа собрани неопходните средства за негово лекување.

Во знак на солидарност просветните работници од Општина Аеродром кој денеска добија признанија од градоначалникот Тимчо Муцнски, средствата ги донираа за  лекување на Леонид Игнов.

Претходна вестДевет ученици од Карпош заразени со салмонела
Следна вестНа Јавното обвинителство му недостасуваат 88 јавни обвинители