Вчера на регионалниот пат Свети Николе – Куманово, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „Mерцедес“, но возилото не застанало.
По кусо време возилото сопрело и возачот почнал да бега, но веднаш бил фатен од полициските службеници.
Станува збор за М.Ј.(28) од Штип, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, затоа што при преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти, меѓу кои имало и деца, и тоа од Сирија, Пакистан и Авганистан.
За настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се сместени во Транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија, а против М.Ј ќе биде поднесена соодветна пријава.