Во Црна Гора уапсен „криптокралот“, украл 40 милијарди долари

До Квон, човек познат на пошироката јавност како крал на криптовалутите, е уапсен на аеродромот во Подгорица, објави министерот за полиција на земјата, Филип Аџиќ. Квон е јужнокорејски државјанин кој е обвинет за крипто измама што ги чинела околу 200.000 луѓе, 40 милијарди долари и е под црвена потерница на Интерпол.

На крајот на минатата година меѓународната заедница се сомневаше дека тој се крие во Србија, поради што јужнокорејските власти побараа соработка од српските колеги, но Квон сепак беше уапсен во Црна Гора.

Како што соопшти црногорскиот министер за полиција, во Подгорица е уапсен еден од најбараните бегалци во светот До Квон.

– Црногорската полиција приведе лице осомничено дека е еден од најбараните бегалци, јужнокорејскиот државјанин До Квон, ко-основач и извршен директор на лабораториите Тераформ со седиште во Сингапур. Поранешниот „крал на криптовалутите“, кој стои зад проноверата од повеќе од 40 милијарди долари, е приведен на аеродромот во Подгорица со фалсификувани документи, а истото го бараат и Јужна Кореја, САД и Сингапур, напиша Аџиќ.

Тој сега најверојатно ќе биде екстрадиран во државата чиј државјанин е, а за ова црногорската полиција ќе ја информира јавноста во наредните денови.

Претходна вестМладата македонска ракометарка Ива Младеновска потпиша за францускиот Брест Бретањ
Следна вестСудиска комисија на ФФМ: Куп грешки во Прва и Втора лига – нерегуларни и голови од офсад, погрешни проценки…