Младата македонска ракометарка Ива Младеновска потпиша за францускиот Брест Бретањ

Една од најталентираните македонски ракометарки, Ива Младеновска кариерата ќе ја продолжи во дресот на Брест Бретањ од Франција. Шеснаесетгодишната Младеновска потпиша четиригодишен договор со клубот кој сезонава ќе настапува во Лигата на шампионите.

– Ракометот во Франција е на многу повисоко ниво, но јас сум подготвена за нови предизвици и се надевам дека ќе му помогнам на клубот во иднина, изјави Младеновска.

Иако е се уште премлада, Ива веќе настапувала и за нашата сениорска репрезентација, а во нејзината каеиера има забележано доста успеси.

Претходна вестИ германската министерка порача да го смениме Уставот, кој дипломат е следниот што ќе дојде во Скопје?
Следна вестВо Црна Гора уапсен „криптокралот“, украл 40 милијарди долари