Нема кратење на списокот, Лазаров со сите сили по позитивен резултат во Торшавн

Македонската ракометна репрезентација ја очекуваат два натпревари против Фарски Острови во баражот за Светското првенство кое ќе се одржи во 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првата средба ја играме во среда од 20 часот, а селекторот Кирил Лазаров одлучи да не го крати списокот, поточно со сите играчи да отпатува во Торшавн.

Се работи за 21 ракометар кои остануваат да бидат во конкуренција до последниот ден кога петмина ќе отпаднат за самиот натпревар.

Целта е да постигнеме што подобар резултат кој потоа ќе може да биде потврден на реваншот во Скопје закажан за в недела од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Претходна вестДенеска гласаат болните, затворениците и дијаспората
Следна вестПленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада