Кривичен го прифати обвинението за сообраќајката кај Сити мол

Советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, донесе решение со го одобри во целост актот против обвинетиот Ј.Ѓ., осомничен за сообраќајката што се случи кај „Сити мол“ и во која беше прегазена 24 годишната Викторија Николова и уште едно лице беше повредено.

Исто така, Советот ги отфрлил сите приговори.

Јавното обвинителство Скопје, по спроведената истражна постапка, на 18 февруари соопшти дека е увидено дека во моментот на несреќата семафорите биле исклучени, а момчето не застанало на пешачкиот премин и не обрнало внимание на пешаците на коловозот, иако бил должно да го стори тоа.

Воедно, приоѓајќи кон обележаниот пешачки премин, обвинетиот управувал со автомобилот со брзина од 67 километри на час, што е за 17 километри на час поголема од максимално дозволените 50 километри на час, со што, како што додаваат од Обвинителството, бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба.

Ј.Ѓ, се товари за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в со чл. 297 ст.1 од КЗ.

Со оглед на тежината на кривичното дело за кое се товари, јавниот обвинител оцени дека сè уште постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор.

 

Претходна вестБектеши ги повика маркетите да не го поскапуваат лебот
Следна вестВладината каса полна, џебовите на граѓаните попразни!