Кривична пријава за арачиновец, се обидел да подигне кредит со личната карта на брат му

Aрачиновец заработи кривична. Тој пробал да подигне кредит со личната карта на брат му.

– Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Б.(39) од с.Арачиново, Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност”. На 09.12.2022 пријавениот ја употребил личната карта на брат му и се обидел да доведе во заблуда вработен во финансиско друштво и на тој начин да подигне кредит во негово име, информираат од МВР.

Лицето не успеало во намерата и по преземени мерки му е поднесена пријавата.

Претходна вестСудскиот совет не избра нов претседател, седницата одложена за 2 мај
Следна вестВечерва посебен режим на сообраќај пред Собранието