Кривична против 38-годишник, со воздушна пушка се заканувал пред продавница во село Спанчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 38-годишниот Б.М. од село Спанчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против 61-годишниот Б.В. од село Спанчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, извести МВР.

– На 20.05.2023 пред продавница во селото, Б.M. со воздушна пушка се заканувал на присутните, а по извесен период дошол Б.В. и, по кратка расправија, им се заканувал со метален предмет, додаваат од Министерството за внатрешни.

Претходна вестКривична против скопјанец, во Италија приложил фалсификувана возачка дозвола
Следна вестУкраина: Русија ги повлече речиси сите свои војници од Белорусија