Темен режим Режим на светлина

Кривична против скопјанец, во Италија приложил фалсификувана возачка дозвола

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 38-годишниот М.А.

од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, извести МВР.

– Пријавениот набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување на моторни возила од А и Б категорија со негови лични податоци и таквата возачка дозвола во текот на 2022 година ја приложил како вистинита заради замена кај надлежните институции на Италија, соопшти МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Тројца повредени во сообраќајка кај браната Калиманци, со возило излетале од патот

Следна објава

Кривична против 38-годишник, со воздушна пушка се заканувал пред продавница во село Спанчево