СВР Скопје поднесе кривична пријава против 20-годишниот Љ.А. и 32-годишниот С.Е., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, извести МВР.
Пријавените, физички нападнале и со остар предмет нанеле повреди на вработена во продажен објект во Скопје, по што од објектот одзеле пари, велат од МВР.