Кривична против скопјанец, се заканувал на вработен во Државниот инспекторат за транспорт

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против 45-годишниот Ј.Д. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, извести МВР.

– На 11.08.2023, пријавениот телефонски упатил закани кон вработен во Државниот инспекторат за транспорт – подрачна канцеларија Крива Паланка поради тоа што претходно, при контрола на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, констатирал дека со товарно возило се врши јавен превоз на стока без лиценца, по што презел соодветни мерки, соопшти МВР.

Претходна вестСо трактори пред Владата: Гневните германски земјоделци повторно на протест
Следна вестПензионерка останала и без пари и без огревни дрва откако била измамена