Кривична против тројца скопјани, криумчареле мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против 31-годишниот Е.Д., 47-годишниот Е.Ш. и малолетник, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, извести МВР.

„На 24.01.2024, полициски службеници го запреле третопријавениот, кој со патничко возило „фиат стило“ превезувал осум мигранти од Сирија, а кои второ и третопријавените ги договориле и организирале да ги превезе“, соопшти МВР.

Претходна вестЛевица: ДУИ предизборно си доделува 320 илјади евра народни пари
Следна вестПремиерот Џафери за утре ја закажа првата седница на новоизбраната Влада