СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(65) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.
На 18.01.2023 на булевар „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што било утврдено дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.