Кривичниот суд уште се мисли дали ќе ја прифати жалбата на Обвинителството за приведените по насилството во М-НАВ

140

Во рок од 48 часа ќе се донесе соодветна одлука по жалбата на Јавното обвинителство за случајот со насилството во М-НАВ во кој е инволвиран и поранешниот министер Беким Незири. Ова денеска попладне го соопшти Кривичен суд Скопје по зголемениот медиумски интерес за неговата одлука.

-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 05.01.2024 година, со кои на 4 лица им определи мерки на претпазливост, а поврзани со случувањата во М-НАВ, во текот на денешниот ден оформи предмет по добивање на одговор на жалба од одбраната. Со оглед на барањето на странките во постапката, но пред се заради доследно почитување на Законските одредби, судот во рокот од 48 часа ќе донесе соодветна одлука за што ќе ги информира странките и јавноста, се наведуав во соопштението.

Во однос на прашањата поврзани со други лица инволвирани во случајот, јавноста се информира дека до овој момент Јавниот обвинител до судот нема поднесено дополнително барање за определување мерки и за други инволвирани лица освен за четворицата кои веќе се под мерки за претпазливост.

Претходна вестОбјавен романот за деца „Добар ден, тато“ на хрватскиот писател Стјепан Томаш
Следна вестСрпски мафијаш убиен во Бразил, пред сопругата и детето