Со 485 амандмани „Левица“ блокираше наменски закон за урбанизам, објави Борислав Крмов, пратеник на оваа опозициска партија.
Во објавата на неговиот профил на социјална мрежа Фејсбук тој објасни дека законското решение било предложено од ВМРО-ДПМНЕ и поддржано од парламентарното мнозинство.
-Со 485 амандмани Левица блокираше наменски закон за урбанизам кој на урбаната мафија ќе и го продолжеше рокот за малверзации за 4 год! Предложен од ДПМНЕ, а вчера заеднички изгласан од широката коалиција ДПМНЕ/СДС/ДУИ, наведе Крмов.