„Кроација рекордс“ го реиздаде албумот со песни од Блаже Конески, снимен пред 40 години

„Проста и строга македонска песна“ е насловот на албумот со песни од Блаже Конески, што во оригинал беше снимен пред 40 години, а денес повторно го издава „Кроација рекордс“. Продукциската куќа спои неколку големи јубилеи за да го реиздаде албумот што е избор на песни од Конески, рецитирани од Цветанка Трпкова, во пијано придружба на Љубомир Бранѓолица.

-Ова е година на големи јубилеи за Македонија. Државата слави 30 години независност и се одбележуваат 100 години од раѓањето на Конески. Кога на тоа ќе се додаде дека и албумот излезе пред точно четири децении, имавме многу добри поводи за негово повторно објавување на цеде токму оваа година, вели музичкиот уредник во „Кроација рекордс“, Никола Кнежевиќ.

И не само на Конески, „Кроација рекордс“ го реиздаде албумот на Зафир Хаџиманов од 1986 година.

Претходна вестНедореченост на мерките – со сертификат за вакцина од мама, тато , дедо може да влезете во мол
Следна вестСтопанствениците бараат појаснување од Владата: Мерките се нелогични и дискриминаторски