Кучиња искасаа двајца скопјани на плоштадот „Македонија“ и во Парк шума Гази Баба

Двајца скопјани вчера биле искасани од кучиња скитници во одделни напади во Скопје.

-На 29.04.2023 во 12.15 часот во Полициска станица Центар С.С.(54) од Скопје пријавил дека на Плоштад Македонија во Скопје бил каснат од куче скитник. Вчера, во 13.00 часот во Полициска станица Гази Баба В.К.(43) од Скопје пријавил дека во Парк шума Гази Баба во Скопје бил каснат од куче скитник, соопшти полицијата.

Завчера, тројца скопјани биле жртви на напади на кучиња во Аеродром, Кисела Вода и во Бутел.

Претходна вестРакомет: Македонија против Турција го заверува пласманот на ЕП
Следна вестПортрет на Ацо Шопов во американскиот весник „Ел Нуево Хералд“