Ракомет: Македонија против Турција го заверува пласманот на ЕП

Машката ракометна репрезентација на Македонија денес ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024. Гостин во Скопје ќе биде репрезентацијата на Турција, која во претходното коло против Португалија покажа дека знае да биде незгоден ривал.

Натпреварот меѓу Македонија и Турција ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток од 18:00 часот.

Само пораз од над девет гола разлика би ја оставил Македонија без пласман на континенталниот собир, а тоа би било еднакво на вистинско чудо со оглед на квалитетот на двете селекции. Македонија со Турција досега одиграла пет натпревари и славеше во сите пет, на последната на гостински терен и со девет голови разлика.

Македонија во досегашниот тек од квалификациите за пласман на континенталниот собир има три победи и два порази.

Натпреварот ќе биде посебен и затоа што е последен за Гоце Георгиевски во репрезентативниот дрес.

Денес ќе бидат познати сите патници на Европското првенство во Германија, бидејќи ќе се одиграат останатите дуели од квалификациите.

Претходна вестУтре посебен режим на сообраќајот во центарот на Скопје
Следна вестКучиња искасаа двајца скопјани на плоштадот „Македонија“ и во Парк шума Гази Баба