„Куќата што се распаѓа“ – Меѓународна изложба и симпозиум

Вечерва во Музејот на Македонија, со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена меѓународната изложба и ќе се одржи симпозиум со наслов „Куќата што се распаѓа“. Настан во продукција на Факултетот за работи што не се учат – ФРУ во рамките на проектот Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата) поддржан од Европската Унија.

Изложбата и симпозиумот „Куќата што се распаѓа“ нашироко говорат за политиките на просторот и промените во градовите во однос на интересите на различните структури на моќ, манифестирањето кон заедничкото наследство, како и идентитетот на колективноста и грижата на градовите – заедничка и меѓузависна. Реактуализирањето и повторното потенцирање на градскиот идентитет на грижа и колективност е исто така потсетник на некои широки (солидарни) гестови на модернистичките визии за напредок во услови на современи планови за урбан раст кои го загрозуваат нивното постоење, како и критички набљудувања и потенцијал за правична и еднаква планетарна иднина.

Изложбата е резултат на заложбите на тројца уметници – Вини Хербстајн, Филип Јовановски и Ану Вахтра кои работат на пресекот на меморијата, архитектурата, културното наследство и формирањето на просторот, применувајќи различни уметнички стратегии за повторно да излезат на површината контекстуалните специфичности на грижата, занемарувањето и распаѓањето. За изложбата „Куќата што се распаѓа“ сите ја прифатија улогата на деколонизирачката шетачка, со тринеделни резиденции во Скопје, користејќи ги шетањето и критичкото набљудување како алатки за истражување на овие специфичности.

Во „Куќата што се распаѓа“, уметниците даваат акцент на работите што се распаѓаат, без романтизација, естетизација или разубавување, туку во нивната сегашна состојба. Во празнините тие нудат различни мали интервенции за тоа како да се преобликува оваа сегашност во позначајни акции.

Програма:

27 јуни/ Четврток/ 20:00/ Изложба

Куќата што се распаѓа

Уметници: Ану Вахтра, Филип Јовановски, Вини Хербстајн во соработка со кураторката Ивана Васева.

Изложбата ќе биде отворена до 30 јули

28 јуни/ Петок/ 20:00

Предавање на Ола Хасанеин (Картум/Амстердам) и дискусија со Марјока де Гриф/ Анастасија Пандиловска (Амстердам) и Ивана Васева (Скопје).

21:00/ Проекција на филмови

Ингел Ваикла – Papagalo, what’s the Time?(2022) 7’ и Moi aussi, je regarde (2024) 23’

Феликс Мелија – Money for Nothing (2021) 35’

Краток разговор со уметниците Ингел Ваикла и Феликс Мелија

Харун Фароки – The Creators of Shopping Worlds (2001) 72’ и In Comparison (2009) 61’

29 јуни/Сабота/

19:00- 21:30 часот – Градот е јавност – jавна проба – колективна перформативна обиколка низ градот Скопје со водич како дел од Лабораторијата за перформативно просторно истражување Градот како сцена.

21:30 -23:30 – Градот е јавност – ХНУ перформанс истражувачко студио за храна, наука и уметност и ДЈ Индог на платото пред Музеј на Република Северна Македонија.

(Насловот на изложбата е инспириран од песната „Куќата што се распаѓа” на Лидија Димковска, дел од стихозбирката „Гранична состојба” во издание на „Или-Или” од 2021 година)

Претходна вестMАЕИ му честиташе на Мицкоски: Очекуваме потпишување на договор за положбата и правата на Македонците во Албанија и на Албанците во Македонија на реципроцитетна основа
Следна вестЈаневска: Планираме историја, географија, граѓанско образование и други предмети повторно да се изучуваат како одделни предмети