Куќен притвор и за 5-тиот приведен за упадот во МНАВ, обвинителството ќе вложи жалба

Кривичниот суд му определи куќен притвор и на Лабинот Керими, 5-тиот од вкупно 8 осомничени за упадот во МНАВ минатиот четврток. Керими се обидел да ја напушти државата и да замине во Косово кога е фатен по централна потерница распишана од полицијата.

Керими, инаку е во роднинска врска со Беким Незири, водачот на групата која упадна во МНАВ, во контролата на летање, на скопскиот аеродром, поради што сите се осомничени за загрозување на бебзедноста на воздушниот сообраќај.

Од обвинителството најавија жалба откако кривичниот суд на лице кое 8 дена беше во бегство и беше фатено на граница му определи куќен притвор.

-За лицето осомничено за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин, Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство Скопје ќе вложи жалба на ваквата одлука, соопштија од обвинителството.

Претходна вестОткажан забавниот дел на Вевчанскиот карневал, симболично дефиле под маски
Следна вестТешко повредени двајца беровци откако со „пасат“ излетале од патот