Курти: Можни се жртви на Косово, ситуацијата може да ескалира во полза на Путин

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за бриатански „Гардијан“ вели дека при остранувањето на барикадите во Северно Косово би можело да има жртви.

– Нашата загриженост е дека отстранувањето на барикадите не може да ги исклучи жртвите. И затоа сакаме да бидеме максимално внимателни за да се погрижиме да нема дестабилизација и да има релативен мир и безбедност. Но, не можеме вечно да дозволиме кршење на законитоста и уставноста. Така да, ова мора да заврши, што побрзо, толку подобро, рече Курти.

Тој исто така изјави дека тензичната ситуација во Косово, која може да ескалира во полза на рускиот претседател Владимир Путин.

Според него руските и српските сили се кординирани и до сега спровеле 104 заеднички воени вежби во 2021 година.

 

Претходна вестДоларот и денес падна во однос на другите валути
Следна вестТеатар „Пи“ од Скопје освои две награди на софиски фестивал