Кузеска: ДПМНЕ со Силјановска Давкова нудат враќање назад во изолација, далеку од ЕУ

На претстојните претседателски и парламентарни избори граѓаните имаат шанса да го изберат правецот на државата, изјави на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа рече дека ВМРО-ДПМНЕ со кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова нуди враќање назад, а СДСМ е единствената опција која нуди надеж и продолжување на напредокот по вистинскиот пат.

-СДСМ иднината на С. Македонија ја гледа во ЕУ, како горда членка. Направивме се што е можно тоа да се случи додека опозициската ДПМНЕ блокираше. Единствен начин за огромна трансформација на македонското општеството е со да станеме членка на ЕУ. Тоа е можеби и единствена шанса за функционален судски систем и целосно владеење на правото. Она што го нудат Мицковски и ДПМНЕ заедно со Силјановска е да се откажеме од иднината, да се откажаме. Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат,  рече Кузеска.

Претходна вестВучиќ: Западот очекува признавање на Косово, санкции за Русија и став против Кина, сакаат да постават марионетски режим во Србија
Следна вестВелешанец колабирал на улица и починал, сограѓанка се доближила и му го украла паричникот