Лекција на Јокиќ до Дончиќ: Со ,,трипл-дабл” го водеше Денвер до триумф над Далас

Кошаркарите на Денвер славеа над Далас со 118:109, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра уште една маестрална утакмица. Тој забележа трипл-дабл со 14 поени, 13 скока и 10 асистенции.

Од друга страна пак, ѕвездата на Маверикс Лука Дончиќ забележа 37 поени, 9 асистенции и 4 скока. Денвер дојде до клучна предност во втората четвртина која ја реши во своја полза со резултат 35:19.

На почетокот на последната четвртина домашните двапати водеа со 21 разлика, а Далас до крајот успеа само да го намали резултатот.

Сезонскиот рекорд во дресот на Денвер го постигна Џеф Грин со 24 поени, Мајкл Портер Џуниор додаде 22 поени со пет скока, а Кентавиус Калдвел-Поуп постигна 14 поени, со пет фатени топки и асистенции.

Пред паузата за Ол Стар, Јокиќ постигна преку 500 скока и асистенции во една сезона, а пред него Расел Вестбрук (три пати – 2016/17, 2017/18 и 2018/19), како и Оскар Робертсон (1961/62).

Денвер и натаму е лидер на Западот со 41 победа и 18 порази, додека Далас е на шестата позиција со 31 победа и 30 порази.

Претходна вестУчилиштето „Ѓорѓија Пулевски“ со јавна молба: Сторителот кој ја искрши кошаркарската плоча да ја надомести штетата
Следна вестУапсен инвеститoр кој градел во областа погодена од земјотресот, се обидел да побегне со чамец