Лесна победа на нашата тенисерка Ѓорческа

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа по пауза од еден месец се врати на терените со победа на турнирот во Астана Казахстан кој се игра за награден фонд од 40.000 долари. Ѓорческа славеше победа против домашната тенисерка Ана Данилина.

Утре Ѓорческа ја чека натпревар од второто коло против Белорусинката Ирина Симанович која денес одигра доминантно против Јапонката, Мојука Учиџима и ја победи со 2:0 во сетови, двапати по 6:1.

Претходна вестПриватните превозници се договорија со Арсовска, таа сега била „светло во тунелот“…
Следна вестСтар Аеродром добива нов парк